Златни медали за две вина на „Тиквеш“ на „Мундус Вини“

352

На годинешниот пролетен дел на најголемиот вински натпревар во Германија „Мундус Вини“, златни медали освоија црвеното „Александрија Куве“ од бербата 2016 и „Домен Лепово Гранд Куве“ од бербата 2015.

„Мундус Вини“ е еден од најважните светски вински натпревари, а годинава на пролетниот дел учествуваа над 6700 вина од 150 вински региони од целиот свет, кои беа оценувани од 270 интернационални вински експерти од 44 земји.

– Двата златни медала за нашите вината на првиот голем и престижен натпревар во годината, ни даваат за право да се надеваме дека и во 2018 година ќе го задржиме статусот на најнаградувана винарница во целиот регион. Истовремено, сакам да им честитам и на останатите македонски винарници кои исто така освоија високи признанија. Тоа е показател дека квалитетот на македонското вино во целина се зголемува и дека светот тоа го препознава, што е цел кон која ние постојано се стремиме и ја истакнуваме- изјави генералниот директор на винарницата, Радош Вукиќевиќ.

Винарската визба „Тиквеш“ е најнаградуваната винарница во поширокиот регион. Вината на „Тиквеш“ неколку години по ред освојуваат над 50 награди, признанија и високи оцени од врвните светски вински критичари годишно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...