Жената во Македонија низ времето, прва тематска поставка вон музеј

Ова експо, како што посочуваат организаторите, за прв пат, на едно место со голема синергија меѓусебе ја прикажува жената во Македонија во вид на патување низ времето.

180

По повод Меѓународниот ден на жената 8 Март денеска беше презентирана првата вонмузејска поставка на артефакти, носии и инсталации за жената во Македонија.

Ова експо, како што посочуваат организаторите, за прв пат, на едно место со голема синергија меѓусебе ја прикажува жената во Македонија во вид на патување низ времето.

Македонската жена е претставена преку осум археолошки експонати насловени како „Праисториските дами од Македонија” кои датираат од 6. милениум п.н.е. (среден неолит), па се до средината на 4. милениум п.н.е. (крајот на енеолитот), потоа шест историски инфо табли каде е претставена „Жената борец за државност и самостојност”, жена која била бунтовник, револуционер и пред сè борец.

Поставени се и пет експонати кои ја отсликуваат македонската жена низ фолклорот, преку артефакти кои го достигнале врвот на својата убавина, грациозност и доминантност во 20-тиот век, а се вбројувани во носии од највисок ранг во светски размери.

Во рамките на отворањето, со цел доближување на жената низ етнолошка призма поблиску до скопската публика, Ансамблот Македонија изведе музички перформанс.

Организатори на настанот се Скопје Сити Мол во соработка со Археолошкиот Музеј, Музеј на македонската борба и Ансамбл Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...