Неточни се информациите дека железничкиот сообраќај Скопје-Велес-Гевгелија е во прекин, реагира Невзат Мамути, советник за односи со јавност на ЈП Македонски Железници –Инфраструктура Скопје.
„Екипите на ЈП Македонски Железници – Инфраструктура на 14 март кога имаше одрон на карпите на пругата Велес-Гевгелија, односно помеѓу станиците Велес-Згрополци, веднаш излегоа на терен со целата механизација и за краток временски период во целост ја расчистија пругата од карпите.
Со брзото расчистување на пругата, работниците на ЈП Македонски Железници -Инфраструктура овозможија железничкиот сообраќај на пругата Велес-Гевгелија да функционира нормално уште од 15 март, односно само еден ден после одронот на карпите“, се наведува во реакцијата на МЖ.