Зголемен бројот на работници во индустријата

Минатиот месец споредено со февруари 2017. пораст од 0,8 отсто има во секторот „рударство и вадење на камен“, од 7,1 отсто во „преработувачката индустрија“, а опаѓање од 0,6 отсто во „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“.

181

Бројот на работници во индустријата во февруари годинава во однос на февруари минатата година е зголемен за 6,3 отсто. Во првите два месеца гдинава споредено со истиот период лани се евидентирани за 6,1 отсто повеќе работници во индустријата, објави денеска Државниот завод за статистика.

Минатиот месец споредено со февруари 2017. пораст од 0,8 отсто има во секторот „рударство и вадење на камен“, од 7,1 отсто во „преработувачката индустрија“, а опаѓање од 0,6 отсто во „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“.

Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во февруари годинава, во однос на февруари лани бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“, за 12,5 отсто, „капитални производи“ за 19,2 отсто и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 1,2 отсто, додека опаѓање бележи кај „енергија“ за 0,9 отсто и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 0,3 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...