Земјотрес од 6,9 степени ја стресе Нова Британија во Папуа Нова Гвинеја

100

Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на јужниот брег на островот Нова Британија во Папуа Нова Гвинеја, соопшти Американскиот геофизички институт.

Според институтот, потресот бил на мала длабочина под морското дно, со епицентар на 162 километри југозападно од градот Рабаул.

Пацифиццкиот центар за следење на цунами издаде предупредување дека областа во круг од 300 километри од епицентарот, може да ја погоди голем бран.

Нема информации за повредени лица или причинета материјална штета при земјотресот.

Папуа Нова Гвинеја, една од најсиромашните земји во светот, се уште се опоравува од земјотресот со интензитет од 7,5 степени што се случи на 26 февруари, кога загинаа најмалку 100 луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...