Законот за енергетика на владина седница

Владата денеска ќе ја разгледа и информацијата за текот и прогресот на активностите за реализација на проектот „Евтини летови за македонските граѓани“.

503

Владата денеска треба да го даде своето мислење за Предлог-законот за енергетика. Законот го подготви Министерството за економија и треба да овозможи усогласување на домашната регулатива со европските правила.

На седницата, како што информира, прес службата на Владата ќе биде разгледана и Информацијата за предлог договор за доделување државна помош на Друштвото за производство и трговија „Костал Македонија“, ДООЕЛ Охрид, на предлог на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, како и информацијата за барање за добивање согласност за основање на туристичка развојна зона локалитет „Езеро Треска“, доставена од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

На оваа седница ќе биде разгледана и информација за изградбата на магистрален гасовод Делница 5 Скопје – Тетово – Гостивар.

Владата треба да ја разгледа и информацијата за формирање на Национално координативно тело за следење на состојбите со недискриминација и реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешки документи во оваа област, како и информацијата за текот и прогресот на активностите за реализација на проектот „Евтини летови за македонските граѓани“.

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...