Директорот на Фејсбук, Марк Закерберг ќе сведочи пред Комитетот за енергија и трговија на Претставничкиот дом на САД на 11 април, соопштено е од Комитетот.
„Ова сослушување претставува значајна прилика да се расветлат клучните проблеми за приватноста на корисничките податоци и на сите Американци подобро да им објасни што се случува со нивните податоци на Интернет“, стоеше во соопштението на претседателот на комисијата Грег Валден и членот на комисијата Френк Палоун Џуниор, пренесе Си-ен-ен.
Закерберг ќе биде сослушан за скандалот со компанијата за обработка на податоци Кембриџ аналитика, која доби пристап до податоци на 50 милиони корисници, додека работеле за кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп.