„Закажи средб@“ 1 мај задолжително за користење услуги во УЈП

Услугата овозможува секој даночен обврзник да закаже термин за остварување средба со даночен агент во УЈП - Регионалната дирекција Скопје, во време кое нему му одговара.

183

Даночните обврзници кои ги користат даночните услуги на Регионалната дирекција на УЈП – Скопје од 1 мај годинава задолжително ќе треба да ја користат услугата „Закажи средб@“.

Услугата овозможува секој даночен обврзник да закаже термин за остварување средба со даночен агент во УЈП – Регионалната дирекција Скопје, во време кое нему му одговара, а со цел консултација за специфични прашања кои се однесуваат на рокови, начини за пријавување и плаќање даноци, oтворање бизнис и регистрација на даночен обврзник, консултации за издадени даночни документи, утврдување даноци, постапки за наплата на долгови;, како и правни прашања.

Услугата може да се користи он-лајн или преку Инфо центарот на УЈП. Средбата може да се закаже преку Инфо центарот (0800 33 000 или 02/3253 200) или он-лајн преку веб страницата на Контакт центарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...