„Зад маската на патриотизмот“ од Ѓорѓи Спасов

921

Деновиве, Издавачката куќа „Слово“ од Скопје, ја објави книгата Зад маската на патриотизмот: анатомија на еден авторитарен режим од професорот, и поранешен амбасадор Ѓорѓи Спасов.  Станува збор за книга колумни и есеистички текстови кои претставуваат анализа на феномените на тоталитаризмот воопшто и, посебно, една вивисекција на тоталитарниот режим кој беше инсталиран во Македонија во годините меѓу 2006 и 2017 година.

Во книгата на околу 330 страници се поместени анализи на изборните и владините кампањи во периодот од 2007 до 2017 година, на идеологијата на македонската десница, процесот на лустрацијата и политиката на власта во овој период кон соседните земји.

„Пишувањето колумни“,  вели авторот на оваа книга, „може лесно да ве претвори во обичен пропагандист, а колумната да ја претвори во пропаганден памфлет. Но, со малку повеќе амбиција , таа може да биде и еден вид кус расказ, во чие читање, ако има приказна може подеднакво да се ужива како во убавата книжевност, во која спаѓа и политичката сатира. Од друга страна ,вели тој, тоа е можност за пишување на мал политички есеј, кој ги појаснува нештата од страна на нивната помалку видлива димензија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...