Повеќе од 78 милиони евра се исплатени од Програмата за финансиска поддршка во земјоделство, што значи дека повеќе од половина од Програмата за 2017 е реализирана, информира денеска Николче Бабовски, в.д. директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Според него, има одредени проблеми кај оние кои не ги добиле субвенциите.
– Се работи за лица кои поднеле барање, одобрено им е барањето за субвенционирање, но се уште немаат потпишано согласнот за пребивање кон одредени институции за кои сме надлежни ние да го правиме. Најчесто тоа е закуп на земјиште спрема АД Водостопанство или Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта – рече Бабовски.