Да, важно е да се мијат раце. Но денеска навистина претеруваме, предупредуваат научниците.
Уништувањето на микробите на рацете со антибактериски сапуни и претераната употреба на антибиотици имаат исклучително лошо дејство на имунитетот на нашите деца, вели микробиологот Мари Клер Аријета, коавторка на книгата „Нека јадат земја: Како да ги зачувате децата во премногу чистиот свет“ (Let Them Eat Dirt: Saving Our Children from an Oversanitized World).
Зошто премногу хигиена го загрозува здравјето на децата? Затоа што придонесува за развојот на хронични болести, од алергии до вишок на килограми, велат Аријета и нејзиниот коавтор, микробиологот Брет Финлеј од Универзитетот Калгари.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.