Два вида риби од американскиот список на загрозени видови во сојузната држава Орегон се соочуваат со растечка опасност од гладни морски лавови.
Лавовите влегуваат во реката Колумбија и нејзините притоки во потрага по риби.
Властите планираат со убивање на морските лавови во областа на водопадите Виламет, на околу 40 километри југоисточно од Портланд, да ги заштитат загрозените риби.
Меѓутоа, дел од екологистите сметаат дека морските лавови не се единствениот проблем со кој се соочуваат рибите и дека целата вина не треба да се префрла врз нив. Тие додаваат дека и во други области досега се убивале морските лавови, но без посебен ефект по загрозените видови.