Како што соопшти Младинскиот совет на американската амбасада, целта на овој фестивал е да „се прослават приказните на младите луѓе кои не мотивираат да се стремиме кон еден подобар стандард и да се бориме за нашите идеали“.
„Идејата која сака да се искомуницира со фестивалот и е интерактивната изложба со приказни на младите луѓе во оваа држава. Нивните приказни се посочени на препреките со кои се соочуваат младите луѓе, оние од општеството и оние кои си ги поставуваме самите себе си, како и поддршката и мотивацијата на која треба да се фокусираме. Фестивалот сака да го искомуницира и одговори прашањето „Што им е важно на младите“, се наведува во соопштението.
Во рамки на фестивалот ќе свират два бенда, ќе настапат и два диџеја, додека во позадината ќе има базар со локални креативци и нивните уникатни производи. Учество ќе земе и Американското катче со нивни друштвени игри а ќе се одржи и дискусија на тема „Зошто да останеме?“ (во оваа држава).
Фестивалот е со почеток во 12 часот, а е поддржан од Амбасадата на САД во земјава.