Вулин: Ако не се формира ЗСО, Српска листа да ја собори косовската Влада

Вулин нагласил дека договорот за Заедницата е постигнат во Брисел и од него нема да се смени ни точка.

627

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, побара од Српска листа да ја собори Владата на Косово доколку не се формира Заедницата на српски општини.

Вулин нагласил дека договорот за Заедницата е постигнат во Брисел и од него нема да се смени ни точка.

– Доколку Приштина не е во состојба да го спроведе договорот за Заедницата на српски општини, тогаш Српска листа треба да ја собори Владата. Ако тие не се во состојба да го одржат зборот, тогаш треба да има нови избори. ЗСО е договор од Брисел и за тоа не треба повторно да се преговара- истакна Вулин.

Според него докулку меѓународните претставници не реагираат тогаш Србија треба да ја разгледа својата позиција.

И српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека ЗСО треба да се формира, најавувајќи дека доколку тоа не се случи „ќе се разгледа  дијалогот Србија-Косово“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...