Вучиќ: Србија е спремна на компромис, но не и на понижување околу Косово

198

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денес по разговорот со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Вес Мичел дека Србија, кога станува збор за односите на Белград и Приштина, е спремна да разговара за компромиси и дека може да прифати компромисно решение, но понижување на народот и уништување на државата не може.

– Секој компромис е тежок, но затоа мора да го прифатат и другата и третата страна – оцени српскиот претседател.

Вучиќ наведе дека е познато дека Србија и САД немаат исти ставови кога станува збор за односите на Белград и Приштина, но дека е благодарен за поддршката на Мичел за продолжување на дијалогот.

– Мичел, за разлика од многу други, сакаше да слушне што има да каже српската страна. Не се согласуваме околу односите на Белград и Приштина, многуте нешта околу формирањето на косовските безбедносни сили, но согласни сме да ги продолжиме разговорите и благодарен сум за поддршката на САД на патот на Србија кон Европската Унија – кажа српскиот претседател.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...