Вучиќ прогласи победа на локалните избори во Белград

561

Српска напредна партија (СНС), чиј лидер е српскиот претседател Александар Вучиќ, прогласи победа во Белград, на локалните избори што се одржаа денеска.

Државната изборна комисија, по 75 отсто преброени гласови соопшти дека коалицијата собрана околу Вучиќ освоила 45,5 отсто гласови. На второто место е листата на Драган Ѓилас со 18,8 отсто освоени гласови.

Излезноста на изборите била само 50,6 отсто.

Во своето прво обраќање по победата, Вучиќ рече дека името на новиот градоначалник на Белград ќе биде познато во наредните две недели.

-Многумина кажуваа дека почнуваат промени, само не знам на кои промени мислеа. Тоа што освоивме 45 отсто гласови е најдобриот резултат на Српската напредна партија во Белград досега и ќе имаме апсолутно мнозинство. Кој ќе биде на која функција, ќе разговараме во наредните денови- рече Вучиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...