Вучиќ: Наскоро следат најважните разговори за Косово

126

Од 10 до 20 април во Европа и во светот ќе ги водам „некои од најважните разговори за прашањето на Косово“, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој на прес-конференција по средбата со претседателот на Република Српска, Милорад Додик во Белград нагласи дека не може јавно да зборува за овие разговори, додавајќи дека од нив не очекува „премногу добри вести за Србија“.

– Ние не сме во лесна ситуација, не затоа што Владата на (српската премиерка) Ана Брнабиќ или кој било од оваа генерација е виновен. Направивме многу грешки и многу објективни околности не ни одеа во прилог, но ни останува да ја браниме својата земјата од секого – рече Вучиќ.

Тој изјави дека се согласува српските фирми да учествуваат на Меѓународниот стопански саем во Приштина, што ќе се одржи од 18 до 21 април, бидејќи „за српските фирми е важен секој пазар, а Белград во трговинската размена со Косово има годишен суфицит од 500 милиони евра“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...