„Врзана ме силуваше во бесвесна состојба“

4570

Актерката Еван Рејчел Вуд го шокираше светот откако во потресното сведочење призна дека била жртва на силување и тоа во бесвесна состојба. Актерката сведочеше во американскиот Конгрес, пред членовите на законодавниот комитет за злосторство, тероризам, безбедност и истрага.

Еван Рејчел Вуд до најситните детали раскажала дека двапати преживеала силување од двајца различни сторители. Првиот бил нејзиниот поранешен партнер, со кога била пред повеќе од 10 години.

– Поранешниот партнер ме силуваше во бесвесна состојба па психички и физички ме мачеше додека не почувствува дека сум му ја докажала својата љубов кон него – е дел од сведочењето на 30-годишната актерка.

„Ме тепаше и ме мачеше, а потоа кога ќе помислеше дека сум останала без свест, ме силуваше. Најлош дел беше лудиот ритуал на врзување, ми ги врзуваше и рацете и нозете и физички ме мачеше. Секојпат кога тоа ќе се случеше, бев сигурна дека ќе ме убие. А тој тоа и го вети“, додала актерката.

Еван е една од три жени што го опишаа своето искуство од силувањето за да го дадат својот придонес на усвојувањето на законот за правата на жртвите на сексуална злоупотреба. Актерката смета дека законот претставува сигурно засолниште, кое некому може да му спаси живот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...