Вработените во „Еурокомпозит“ издејствуваа плата

Од Владата на денешната средба им било речено дека платата ќе ја добијат до крајот на неделата.

165

Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ до крајот на неделата ќе добијат по една просечна плата. Ова на претставниците на синдикатот од компанијата им го ветиле на средбата во Владата. Работниците од понеделник ќе се вратат на работните места.

Оние што се прогласени за техннолошки вишок ќе може да ги користат законските можности, да добиваат надомест до остварување на правото на пензија.

Од владата им било речено и дека дополнително ќе одговорат на барањата за регулирање на неплатените придонеси од 2012-тата до годинава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...