Вработените по рамковен распределени, се чека тие да се изјаснат

Предлог распределбата следната недела треба да помине на седница на Владата, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

498

Направена е предлог распределба на работните позиции на кои ќе бидат анжирани вработените над 1.600 лица според Рамковниот договор кои не одат на работа, а примаат плата.

Предлог распределбата следната недела треба да помине на седница на Владата, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања, по дебатата за предизвиците на реформата на администрацијата, во организација на СИГМА.

Според Манчевски, никој од вработените по овој основ не го одбиле понуденото работно место, иако, како што изјави тој неодамна, има опција за такво нешто по што може да бидат ставено на трансфер листа за ангажман во друга работна организација.

По усвојување на информацијата за предлог распределбата на владината седница, Манчевски најави дека ќе презентира целосна информација на кои работни позиции ќе бидат ангажирани овие вработени, кои, со последните зкаонски измени, ќе работат не само во администрацијата, туку и во целиот јавен сектор. Тие може да бидат ангажирани во училишта, градинки, здравствени установи, јавни претпријатија…

Министерот Манчевски најави и дека согласно Законот следната недела ќе објави детален извештај за бројот на вработени во Македонија кои примаат плата преку буџетот, односно, како што рече, за сите прашања во однос на тоа ки одамна ја мачат јавноста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...