Воспоставена директна авио-линија Белград – Техеран

151

По речиси три децении денеска повторно е воспоставена директна авио-линија меѓу Белград и Техеран, а оператор ќе биде Иран Ер.

Министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ истакна дека тоа е најдобар показател како Србија се подготвува за иранските туристи.

– Правевме посебни истражувања во однос на посебните интереси на иранските туристи. Само во јануари годинава туристите од Иран остварија 2.305 ноќевања во Србија – рече Љајиќ.

Тој додаде дека сите карти за летовите од Техеран до Белград до јуни се продадени.

Министерот Љајиќ изрази надеж дека ќе се зголемува бројот на патници на таа релација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...