По повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, Археолошкиот музеј, Музеј на македонската борба и Ансамбл „Македонија“ во соработка со Скопје Сити Мол, ја организираат првата вонмузејска поставка на артефакти, носии и инсталации за жената во Македонија.
Изложбата за прв пат на едно место со голема синергија меѓусебе ќе ја прикаже жената во Македонија во вид на патување низ времето.
Свечено отварање на вонмузејската поставка ќе се одржи на утре на пладне во Скопје Сити Мол. На свеченото отворање, македонската жена ќе биде претставена преку 8 археолошки експонати насловени како „Праисториските дами од Македонија“, 6 историски инфотабли каде е претставена „Жената борец за државност и самостојност“, како и 5 експонати кои ја отсликуваат Македонската жена низ фолклорот.
Во рамките на отворањето, во живо Ансамблот „Македонија“ ќе изведе музички перформанс. Со цел доближување на жената низ етнолошка призма поблиску до скопската публика, овој музички перформанс ќе има и свое повторно прикажување во 18 часот во Скопје Сити Мол.