Во пожарот во трговскиот во Русија над 50 загинати, повеќето се деца

354

Додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани во изгорениот трговски центар во рускиот град Кемерово, голем број од семејствата на исчезнатите деца се туркаат за да ги пронајдат своите најмили, кои во моментот кога почнал пожарот се наоѓале во кино или во игротека, пренесува „Раша тудеј“.

Бројот на жртвите од смртоносниот пожар се искачи на 53 лица, соопшти руската истражна комисија, меѓу кои, голема можност е над 40 да се деца.

Најмалку единаесет луѓе се се уште исчезнати и мала е веројатноста тие да се живи, велат надлежните.

Претходно, 64 лица беа наведени како исчезнати, но властите појаснија дека тие ги вклучуваат жртвите чии тела се веќе пронајдени, но сé уште не се идентификувани.

Причината за пожарот се уште не е утврдена, а властите отворија истрага. Околу 660 лица се вклучени во спасувачката акција. Во услови на конфузни извештаи, некои го наведуваат изворот на огнот во детска игротека во трговскиот центар, каде некое дете запалило некаква светилка. Друга верзија пак сугерира дека електричните инсталации на игротеката имале краток спој.

Кемерово се наоѓа на околу 3,600 километри источно од Москва.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...