Повеќе од 40 турски војници досега загинале во операцијата „Маслиново гранче“ во северна Сирија која почна на 20 јануари, информира денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
– Бројот на неутрализирани терористи достигна 2.872 лица. Од составот на нашите вооружени сили и жандармерија загинале 41 наши војници – изјави Ердоган.
Турција на 20 јануари ја почна воената операција „Маслиново гранче“ во реонот на сирискиот град Африн, чија цел се сириските курдски милиции Сили за заштита на народот и Партијата на демократскиот сојуз, кои Анкара ги смета за терористички организации, поврзани со илегалната Курдска работничка партија (ПКК).