Во МНТ се подготвува „Без галама“ по текст на Мајкл Фрејн

276
20130531 Friday 1112 Skopje teatar otvaranje SK14 nikola gruevski

Во Македонскиот народен театар се подготвува претставата „Без галама“ според текстот на Мајкл Фрејн, во колективна адаптација, а во режија на Тони Михајловски.

„Без галама“ е претстава во претстава, и зборува за тоа што се случува на сцената – она што публиката може да го види, но благодарејќи на ротирачката сценографија, дејствието на претставата се случува и зад сцената.

– Публиката ќе има можност да учествува во секој сегмент во создавањето на претставата, ќе ги види заткулисните пикантерии и „хаосот“ кој се случува зад сцената, што прават актерите кога не ги играат своите улоги и ќе ги открие сите тајни на една театарска магија. По големите успеси на претставата „Брачна игра“, за Михајловски ова е второ режисерско остварување во матичната куќа. Овојпат го одбира комичниот текст на Фрејн кој е еден од најдобрите и најиграните текстови во светската драматургија, а кој првпат се поставува во МНТ, соопшти Македонскиот народен театар.

Премиерната изведба е најавена за 31 март во 20 часот на големата сцена на МНТ. Во претставата играат: Игор Џамбазов, Весна Петрушевска, Јасмина Поповска, Камка Тоциновски, Нино Леви, Александар Михајловски, Александар Ѓорѓиески, Емилија Мицевска и Стефан Спасов.

Сценограф е Татјана Христоска, костимографијата е на Ивана Кнез и Сињори, изборот на музиката е на Тони Михајловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...