Македонија во јануари годинава вкупно потрошила 763.508 мегават часови електрична енергија, 39,347 милиони нормални метри кубни природен гас, 414.291 тон јаглен и 63.301 тон нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика.
Според статистика, 66,8 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 98,5 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.