Хрватската полиција во рамките на акцијата „Нана“ уапси осум лица и заплени 100 килограми кокаин, кој осомничените го криумчареле од Јужна Америка во ЕУ преку Хрватска.
Акцијата е спроведена на територија на Хрвтска и на Словенија, а помеѓу уапсените се еден државјани на Шпанија, еден двоен државјанин на БиХ и на Холандија и шестмина Хрвати.
Канцеларијата за сузбивање на корупција и организиран криминал (УСКОК) соопшти дека 100-те килограми кокаин биле купени во Панама за 300.000 евра, а членовите на криминалната група се обиделе да го прокриумчарат во скриени места во контејнери за метален отпад.
Дрогата требала да биде истоварена во Загреб, а дистрибуирана во земјите на ЕУ.