Во април Самит на Турција, Русија и Иран за Сирија

80

Средба на високо ниво на Русија, Турција и Иран ќе се одржи на почетокот на април, а главна тема ќе биде ситуацијата во Сирија, соопшти денеска портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој.

Тој прецизираше дека Реџеп Тајип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани ќе разговараат и за идните чекори кои треба да се преземат во регионот.

На денешната прес-конференција во Анкара, Аксој истакна дека за време на средбите на 6 и 9 март меѓу техничките комисии на САД и Турција ќе биде побарано од Вашингтон да преземе конкретни чекори за да си го врати оружјето кое претходно го доставиле на сириските Курди.

Тој, исто така, информираше дека турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу ќе ја посети Русија меѓу 12 и 14 март, а подоцна, на 19 март во Вашингтон ќе се сретне со американскиот колега Рекс Тилерсон.

Министерството за надворешни работи на Казахстан денеска соопшти и дека во главниот град Астана, на 16 март средба ќе имаат министрите за надворешни работи на Турција, Русија и Иран, кои ќе разговараат за прогресот постигнат во текот на изминатата година за сирискиот мировен процес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...