Директорката во Министерството за здравство, социјална заштита и млади, Етлева Шеши, гостувајќи во телевизиска емисија рече дека во Албанија треба да има околу 300.000 хомосексуалци.
– Ако во Европа 10 отсто од популацијата припаѓа на ЛГБТ заедницата, зошто во Албанја би било поразлично, значи околу 300.000. Да бидеш геј или лезбејка нема ништо лошо – изјави Шеши, одлучно посочувајќи дека „не е ни малку грешка“.
И претставниците на нивната асоцијација во Тирана „Розова амбасада“ изјавија дека десет отсто од популацијата во Албанија односно меѓу 250.000 и 300.000 се хомосексуалци.
Во рамките на проект за разбивање на табуата за геј заедницата, во средните училишта во Тирана одржани се низа средби а организациите за заштита на правата на хомосексуалците во Албанија организираа и геј паради во Тирана без никакви проблеми.
Првата геј парада во Тирана беше одржана во средината на мај 2012 година.