Владин економски тим денеска ќе има состанок со претставници на компании – членки на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) за предизвиците во економијата за малите и средни претпријатија.
На состанокот што ќе се одржи во ССК ќе присуствуваат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски