Сопственоста на државните енергетски компании, ЕЛЕМ, МЕПСО и МЕР, според новиот Закон за енергетика ќе биде раздвоена, информира вицепремиерот за економски параша Кочо Анѓушев на денешната заедничка прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши посветена на новиот Закон за енергетика.
– ЕЛЕМ ќе остане во сопственост на Владата, на МЕПСО сопственик ќе му биде Министерството за транспорт и врски, додека сопственик на МЕР ќе биде Министерството за економија – информира Анѓушев.
Тој појасни дека сопственик на енергетските компании до сега била Владата, а тоа се коси со новиот Закон за енергетика и евроспкитеп равила во тој однос.