Виз ер дава попуст од 20 отсто за резервации денеска

872

Виз ер, една од најбрзорастечките авиокомпании во Европа, дава 20 отсто попуст на сите дестинации резервирани денеска.

Сите оние на кои им здосадија ниските ладни температури и сонуваат за лето, не треба да сонуваат повеќе! Со цени кои започнуваат од 599 ден, сега е перфектно време да резервирате и да избегате на едно од многуте сончеви места до кои има летови со Виз ер, вклучувајќи ги Малта, Барселона и  Венеција.

Оние кои сакаат да си  обезбедат една од најповолните цени денес, но не се сигурни со кого ќе патуваат, можат да ја искористат услугата флексибилен партнер на  Wizz Air. За помал надоместок, корисниците можат да резервираат билет без потреба да го дадат името на нивниот сопатник додека не се пријават.

20 отсто попуст се однесува на цените на билетите, вклучувајќи ги и даноците и необврзните трошоци, со исклучок на административната такса.

Оваа промоција се применува на 1 март од 00.00 до 23.59 ч. Периодот на патување е ограничен, сите патувања мора да бидат завршени до 31 мај 2018 година. Цената важи само за резервации направени на wizzair.com или на мобилната апликација WIZZ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...