Виенски бал во Скопје Фото

6280

Во хотелот „Александар палас“, традиционално се одржа „Виенскиот бал“ во Скопје, во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ и покровителство на – Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија.

Организацијата, програмата, уметниците и зрелата балска публика на 19-то издание на оваа манифестација, потврдија дека „Виенскиот бал“ во Скопје е конкурентен на кој било виенски бал одржан во светските метрополи. Од минатата година, „Виенски бал“ во Скопје е ставен и на светската мапа виенски балови, а голем број странски дипломати и гости уживаа во оригиналната програма на балот, покрај домашната балска публика.

Балот го отвори конзулката и подсекретарка на амбасадата на Република Австрија во Македонијa, г-ѓа Габриеле Јанежиќ, а стотина уметници се погрижија публиката да остане на нозе до рано наутро. За танцот со звуците на валцерите се погрижи оркестарот „Јохан Штраус“ – триесет професионални музичари, кои музицираа под диригенство на Бисера Чадловска.

Петар Ренџов и „Тумбао салса бенд“, мајстори на живата свирка, го преполнија подиумот на „Виенскиот бал“ и предизвикаа восхит во салата. Доцна во ноќта, публиката танцуваше и уживаше и во настапот на еден од најмоќните вокали на нашата поп-рок сцена, Нина Јанева, која настапи во придружба на „2Ексит“ и виртузот на сакасафон, Горан Папаз.

И годинава „Виенскиот бал“ и елегантните гости беа во служба на хуманоста. Компанијата „Охридски бисер Филеви“ и Државна лотарија на Македонија им овозможија на гостите на балот да ја покажат својата хуманост, а собраните средства се наменети за граѓанската организација на лица со и без хендикеп „Полио плус“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...