Велигденски концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ во Куманово

136
По повод големиот христијански празник Велигден, вечерва во 19 часот во Занаетчискиот дом во Куманово, хорот „Света Злата Мегленска“ ќе одржи концерт под диригентската палка Летка Димовска-Полизова, најавија одговорните од Фондацијата за култура и спорт од општина Куманово.

На програмата хорот ќе изведе дела од Петар Димев, Фјодор Степанов, Михаил Иванов, Александар Арханѓелски, Добри Христов, Павел Чесноков, Г.В. Свиридов, Запро Запров, а  соло  настапи ќе имаат и сопранот Наде Талевска Спасовска, мецо-сопраните Анета Баталаковска, Елена Васова и Јулија Карамитрова-Огненовска.

Хорот функционира од 1996-та година и ја негува црковната музика и композиции од македонското фолклорно творештво. Освен по успешните настапи во Македонија, хорот е амбасадор на културното наследство на државата во светот.

Велигденскиот концерт се одржува со поддршка на градоначланикот и Советот на општина Куманово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...