Светски инвеститори за Хрватска, во идните три години резервирале средства поголеми од три милијарди евра, а колку од тие резервирани пари ќе се преточат во проекти, зависи од тоа како ќе се постават Хрватите.
Врз основа на искуството на стручните лица од Колиерс Хрватска, кои консултираат сериозни инвеститори, хрватскиот пазар многу им е интересен на вложувачите.
Предноста е во тоа парите за вложување имаат напредок и тоа со ниска цена, но препрека до реализација ја прават неразрешените имотно- правни прашања, катастарот, администрација, која го намалува просторот за пласман на капитал, пишува „Вечерњи лист“.
Од повеќе од 50 проекти, кои можат да бидат интересни, аналитичарите на Колиерс истакнуваат дека само 10 се подготвени за нов вложувач.
-Хрватска ќе биде интересна уште две до три години. Ако ги пропуштиме шансите, капиталот ќе замине на друга дестинација – предупредува Ведрана Ликан, директорка на Колиерс.