Успеавме да идентификуваме дека тоа е „новичок“ нервен агенс од воен тип“ изјави за Скај њуз, Гери Ејкенхенд, шеф на лабораторијата „ Портон Даун“.
Според неговите зборови лабораторијата не можела да открие од каде потекнува нервниот агенс, тој дополнил и дека британската влада користела и други извори за да стигне до своите заклучоци.
Британските власти инаку сметаат дека Русија е одговорна за труењето на поранешниот агенти Скрипија и на неговата ќерка Јулија, кои на 4 март се најдени онесвестени во малото англиско гратчето Солзбери.