Рокот за поднесување на годишната даночна пријава истекува утре (15.03).
За сите граѓани кои нема да ги достават даночните пријави заклучно со четврток следува казна од 500 до 1000 евра.
Од Управата за јавни приходи информираат дека граѓаните можат да ги поднесат пријавите и во дополнителните пунктови кои УЈП ги отвори за прием на Годишните даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и Аеродром или да ги поднесат преку мобилните даночни шалтери кои ќе гравитираат во повеќе населени места и општини во Скопје и низ Македонија