Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека на 22.03.2018 година во две блок трансакции беа истргувани вкупно 164.332 акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, по цена од 3.750 денари по акција, во вкупна вредност од 616.245.000 денари.
На продажната страна на трансакциите се јавуваат странски инвестициски фондови и нивните клиенти, додека на куповната страна се јавуваат две физички лица и следните правни лица: Макпетрол АД Скопје, Индустри Сервис ДОО Скопје, М.Г. Фешн ДОО Увоз-Извоз Скопје, ЛЕАН ДОО Скопје, ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Увоз-Извоз Скопје, ИНТ Трејд ДООЕЛ Кочани.
Дополнително, од Банката известуваат дека секој од купувачите поединечно не го надминува прагот од 5% акционерско учество во вкупниот капитал на Банката.