УЈП: На 15 март истекува рокот за Годишни даночни пријави

132

Уште 13 дена истекува рокот за поднесување на Годишна даночна пријава за остварените дополнителни приходи до Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи информира дека до сега 130.850 граѓани поднеле Годишна даночна пријава, а се очекува уште 270.000 граѓани да ги пријават своите приходи во управата.

Со цел да се намалат турканиците пред даночните шалтери особено во Скопје, отворени се дополнителни шалтери за прием на Годишни даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и Аеродром.

Пријави можат да се достават и преку мобилните даночни шалтери.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...