Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека уапсила еден човек кој ја украл наградата Оскар за најдобра актерка на Франсис Макдорманд.
Тери Брајант (47) е уапсен синоќа, откако ја украл статуетката на забавата по церемонијата за доделување на најпрестижните филмски награди.
Франсис Макдорманд ја доби наградата за улогата во филмот „Три билборди надвор од градот“.