Црна Гора е државата со најголем број пушачи по глава на жители во светот и една од ретките земји која бележи зголемување на лицата кои консумираат цигари, соопштија „Јувентас“ и Центарот за мониторинг и истражување.
Загрижувачки е порастот од 11 отсто во 2017 во споредба со 2012 година кој се бележи кај децата на 15-годишна возраст кои пушат.
Од Светската здравствена организација и порачаа на Црна Гора дека мора превентивно да реагира и да ги спроведува одредбите за Забрана за пушење на јавни места.
Се проценува дека на тој начин ќе се спасат животите на околу 50 илјади граѓани кои се во опасност поради никотинската зависност.