Црногорската опозиција истакна свој претседателски кандидат

ДПС се уште не го најавиле својот кандидат. Се очекува тоа да биде партискиот лидер, поранешен претседател и шесткратен премиер на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, но можна е кандидатура и на министеркат за одбрана Милица Пејановиќ Ѓуришиќ

115
Foto -Wikipedia

Повеќето црногорски опозициски партии го номинираа економистот и пратеник Младен Бојаниќ како нивен кандидат на претстојните претседателски избори кои се закажани за 15 април, јави Танјуг.

Бојаниќ беше предложен од страна на Демократската партија и граѓанското движење УРА, а дополнително доби поддршка и од Демократскот фронт на Андрија Мандиќ и Небојша Медојевиќ. Преостанатата поголема опозициска партија, Социјалистичката народна партија, дополнително треба да се реши дали ќе ја поддржи неговата кандидатура. Со тоа, опозицијата обединета настапува против владејачката Демократска партија на социјалистите.

Од ДПС се уште не го најавиле својот кандидат. Се очекува тоа да биде партискиот лидер, поранешен претседател и шесткратен премиер на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, но можна е кандидатура и на министеркат за одбрана Милица Пејановиќ Ѓуришиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...