„Црниот пантер“ направи „партали“ и на Твитер

335

Филмот „Црниот пантер“ не престанува да ниже рекорди. Остварувањето на Рајан Гуглер имаше најисплатлива премиера во февруари и е на пат да стане суперхеројски филм, со најголема заработка кога било. Се наоѓа на врвот на кино благајните петта недела по ред, а сега обожавателите го издигнаа на позицијата филм за кој најмногу се „твитало“ во историјата.

Со повеќе од 35 милиони твитови, „Црниот пантер“ генерирал коментари на социјалната мрежа повеќе од кој било друг филм, официјално објавија од интернет-платформата.

Пред да биде прикажан, рекордер според твитови беше „Војна на ѕвездите“ („Силата се буди“ и „Последниот џедај“). Сега овој филм предизвикува повеќе дискусии отколку една од најпознатите франшизи во Холивуд.

Најчесто користени хаштази за „Црниот пантер“ се „Црниот пантер“ и „Ваканда засекогаш“ (#BlackPanther, #WakandaForever), а ликови за кои најмногу се коментира се токму Црниот пантер, Килмонгер и Шури.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...