Црна Гора протерува еден руски дипломат поради „Случајот Скрипал“

122

Црна Гора се придружи на поддршката за Обединетото Кралство и еден руски дипломат прогласи за непожелно лице и за тоа ја извести Амбасадата на Руската Федерација Подгорица.

– Владата на Црна Гора донесе одлука да прогласи еден дипломатски претставник акредитиран во Амбасадата на Руската Федерација за „персона нон грата“ и да ја повлече согласноста за дејствувањето на почесниот конзул на Руската Федерација во Црна Гора. За мериките е известена Амбасадата на Руската Федерација во Подгорица со рок од седум дена дипломатскиот претставник да ја напушти земјата – соопшти Владата во Подгорица.

Црна Гора одлуката ја донесе координирано со сојузниците и во согласнот со мерките преземени од земјите членки на Европска унија и на НАТО поради дејствувањето на Русија и нападот со нервен агенс на територијата на Велика Британија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...