Цијанидот во бамбусот не ги труе пандите

Во истражување објавено во списанието Нејчр, научниците го испитувале количеството цијанид во пандите и дошле до заклучок дека пандата всушност го вари цијанидот.

93

Сировиот бамбус содржи токсини кои во телото на човекот се претвораат во цијанид, и неговото конзумирање може да бидат смртно опасно. Но пандите, за кои бамбусот е главната храна, можат да го неутрализираат цијанидот.

Во истражување објавено во списанието Нејчр, научниците го испитувале количеството цијанид во пандите и дошле до заклучок дека пандата всушност го вари цијанидот. Пандата може да преработи 80 отсто од цијанидот којшто го внесуваааат во помалку токсична хемикалија – тиоцијанат, којашто потоа ја исфрлаат преку урината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...