Просечната цена на еден квадратен метар станбена површина во 2017 година
изнесуваше 41 822 денари, што е за 2,9 отсто помалку во однос на 2016,објави Државниот завод за статистика.
Во Скопје просечната цена на еден квадратен метар изнесуваше 43 710 денари, што е за 14 отсто помалку во споредба со 2016 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесуваше 32 001 денари, што е за 2,2 отсто помалку во споредба со 2016.
Што се однесува до просечната цена на еден квадратен метар во второто полугодие од 2017 година, таа е намалена за 6,2 отсто во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 4,8 отсто.
Наведените просечни цени на 1 м2 станбена површина се без данок на додадена вредност.