Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации, Луиза Винтон денеска ќе ја посетат Терапевтската заедница „Покров“ во село Баница, Струмица.
Целта на посетата, како што соопшти МТСП, е промовирање на поддршката за социјалните претпријатија, како дел од Оперативниот план на активни мерки и услуги за вработување во 2018 година.