Триглав осигурување со oнлајн обнова на полиси за автоодговорност

124

Триглав Осигурување воведува нова услуга на пазарот, онлајн обнова на полиси за осигурување од автомобилска одговорност. Клиентите обновата можат да ја направат на веб страната на Триглав Осигурување, www.triglav.mk.

Оваа услуга им овозможува на клиентите на едноставен и брз начин да направат електронска обнова на полисите за осигурување од автомобилска одговорност. Обновата клиентите можат да ја направат без разлика дали нивната претходна полиса за автомобилска одговорност била склучена во Триглав и тоа најрано 30 дена пред истекот на претходната полиса.

Преку веб страната www.triglav.mk, можност да направат електронска обнова на полисата за автомобилска одговорност имаат физички и правни лица, кои имаат валидна платежна картичка на Visa, или MasterCard, пристап до валидна електронска адреса и можност за печатење на полисата.

Обновената полиса за автомобилска одговорност и условите за осигурување од автомобилска одговорност клиентот ги добива на својата електронската адреса.

Триглав Осигурување овозможува и електронска обнова на осигурувањето од ризикот кршење на стакла и тоа во случај кога овој ризик бил вклучен во постоечката полиса, издадена од Триглав Осигурување.

За регистрирање на возило, на шалтерот на МВР во станиците за технички преглед задолжителен е отпечатен примерок од полисата за осигурување од автомобилска одговорност, потпишан од страна на договорувачот на осигурувањето.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...