Опкружени сме со изобилие од храна, изобилие од избори и да се храни човек здраво покрај ваква понуда, не би требало да претставува проблем. Храната е подостапна од било кога, барем така изгледа.
Од полиците на супермаркетите не намамуваат илјадници производи, прилагодени токму според нас, нашите деца, нашето семејство. Млечните производи се билдаат со калциум за да ни ги зајакнат коските, а се намалува процентот на мастите за да не ни ги затнуваат крвните садови. Шеќерот, како непријател број еден е одамна исфрлен од масата производи. Изгледа дека прехранбената индустрија прави сѐ за да бидеме поздрави посреќни. Токму прехранбената индустрија ги креира нашите знаења и ставови за храната за да создадат идеални потрошувачи.
Оние кои ќе се посомневаат во добрите намери на таа индустрија се вртат кон бројни алтернативни начини на исхрана кои ги има толку што одлуката за сопствената исхрана станува многу тешка задача.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.