Транспортерите на ФЕНИ Индустри го прифатија предлогот од Еуроникел, претставништвото на ГСОЛ за исплата на вкупите побарувања. Со постигнатиот договор се прекинува протестот на Здружението на Киперските транспортери – Кипери Кавадарци и ќе се овозможи непречен и континуиран дотур на материјали во фабриката.
Со тоа, додаваат, дека двете страни се обврзуваат на градење заедничка доверба и соработка во интерес на целокупната заедница, вработените во ФЕНИ Индустри, транспортерите во здружението и пошироката јавност.
Вкупните побарувања што Еуроникел, претставништво на ГСОЛ им ги исплаќа на транспортерите се побарувања од фирмата Нова Логистик која скоро е извесно дека оди во стечај и се во вредност од 3.1 милиони евра.
„Со овој договор уште еднаш се потврдува дека Еуроникел има интерес да соработува со сите страни, се со цел нормалното функционирање на фабриката од која зависи егзистенцијата на 800 семејства“, стои во соопштението.